14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
СВЕТ

„Му рече на син ми да бега, а потоа беше ранет“: исповед на таткото на младо момче кое го избегна масакрот кај Младеновац

„Еден човек ми го спаси синот велејќи му да бега. Тоа момче беше на споменикот, му рече на син ми да бега а потоа беше ранет. Мојот син го одвезе другиот ранет дома. Родителите на тоа момче го однесоа во Итна помош, па подоцна беше префрлен во Белград. Син ми е добро“. Ова го сведочи татко на млад човек кој го избегна масакрот.

Србија е во шок. Три дена по ред имаат напади.

Прво момче уби 9 лица во училиште во Белград, а вчера ученичка со нож избоде наставничка и ученик. Урош Б. направи масакр, при што 8 луѓе загинаа, а десетина се повредени.

Србија ќе воведе построги мерки за поседување на оружје, со цел да се спречат вакви немили настани.