22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Директорот на детската клиника: Девојчето кое е рането во главата е критично, останатите хоспитализирани ученици се стабилни

Синиша Дучиќ, директор на Универзитетската детска клиника во Тиршова, во Белград, изјави дека повеќето од хоспитализираните деца се во стабилна состојба по вчерашното пукање во училиштето во тој град.

Девојката е во критична состојба и се лекува од повреда на мозокот, откако била ранета со огнено оружје во главата, изјави Дучиќ во „Боите на уторото“ на „ТВ Вијести“. Појасни дека девојчето вчера беше оперирано.

Изјави дека во установата со која раководи, освен тој ученик, хоспитализирани се и две момчиња со прострелни рани, кои се стабилни и нема да имаат потреба од операција.

Во Клиничкиот центар се примени и тројца ученици – момчето со прострелни рани и девојчето се во стабилна состојба, а момчето кое имало повреди на ‘рбетот и белите дробови е оперирано и исто така засега е стабилно.

Дучиќ рече дека, според неговите информации, во добра состојба е и наставничката која е хоспитализирана по пукањето.

Директорот на клиниката истакна и дека психолози од почетокот биле вклучени во следењето на случајот

К.К вчераутро уби осум ученици и работник од обезбедувањето во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и рани шест ученици и еден наставник.

Началникот на белградската полициска управа Веселин Милиќ изјави дека момчето, ученик во седмо одделение, го планирало ова злосторство еден месец и дека имал список со деца кои планирал да ги убие.

Спонзорирано: