11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Сите плачеме, се тресеме“, вработените во Итната помош во Белград не можеле да се приберат од емоции

При првото јавување во итната помош било кажано дека се повредени 20 лица.

„Кога дојдовме на терен, затекнавме осум повредени, чуварот беше мртов. На Итната помош се примени четири деца, кои се во операциона сала, едно лице е во животна опасност. Цела Итна помош плаче, се тресеме“, изјавија од Итната помош.

Четиринаесетгодишниот ученик Коста Кецмановиќ беше уапсен откога уби осум ученици и чуварот во училиштето.

Како што пишуваат српските медиуми, Кецмановиќ бил одличен ученик со сите петки и бил револтиран од тоа што добил единица по историја иако, официјално, причината за масакрот засега останува непозната.

Наставничката што била писутна во училницата се бори за живот, пишуваат српските медиуми.

Присутните на местото на масакрот сведочеа во невиден шок. „Легнав врз телата за да помисли дека сум мртва“, рече една ученичка.