24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

СИРЕНИ ОДЕКНУВААТ НИЗ УКРАИНА: Предупредувањето за воздушна опасност следеше по наводниот атентат на Путин

нЕКОЛКУ аса откако Москва соопшти дека спречила обид за атентат врз Владимир Путин, во Украина беше објавена тревога за воздушен напад.

Предупредувањето опфаќа поголем дел од централна и источна Украина – вклучувајќи го и главниот град Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски моментално е надвор од земјата на еднодневна посета на Финска каде што се среќава со нордиските лидери.

Киев се обидел со беспилотни летала да ја нападне резиденцијата на Владимир Путин во Кремљ, соопшти претходно денеска администрацијата на рускиот претседател, пренесува РИА Новости.

Висок функционер на украинскиот претседател рекол дека Украина „нема никаква врска со дронот“.

Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека наводниот настан се користи како изговор за „терористички напад од големи размери“.

Тврдењата на Москва за обид за напад врз Владимир Путин беа дочекани со голем скептицизам.