22.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потресно сведоштво на ученичка од училиштето во Белград: Видов како обезбедувањето падна на подот, па потоа трчав брзо

Имав прв час по физичко, а потоа отидов горе затоа што втриот час ми беше таму и јас се качував нагоре и додека се качував по скалите слушнав звуци и помислив дека тоа се некои деца кои фрлаат петарди и дека им е забавно, раскажува девојче од училиштето во Белград.

Потоа додава таа, се слушаше уште поблиску и тој звук доаѓаше од пред училиштето и потоа видов како обезбедувањето падна на подот а потоа трчав брзо да се вратам таму каде што бев, бидејќи не сакав да одам горе и не знаев кој е горе.

Исплашена се вратила таму каде што била најсигурна со нејзиното одделение.

Снимката на малолетното девојче е објавена во согласност со нејзините родители, е нагласено на инстаграм страната на „Jutarnaprvoj“.

Инаку утрово 14-годишниот Коста К. влегол во Основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што го убил чуварот и ги застрелал учениците што биле на час по историја.