25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Вознемирувачко видео) Проектил го погоди мојот стан, облеани сме во крв, вели Украинка

Бројот на загинати во ракетниот напад во раните утрински часови на станбена зграда во Уман, Украина се искачи на 17. Жителка на зградата сподели видео од тоа како проектил го погодил нејзиниот стан и вели дека сите биле облеани во крв.

“Проектил ни го погоди станот, облеани сме во крв. Овде спијат деца. Преживеавме. Се е полно со крв. Немаме прозорци, се е искршено. Мразам Руси!”


Најмалку 17 лица загинаа во нападот на катната зграда во Уман, соопшти украинскиот гувернер Ихор Табурет. Меѓу нив има две 10-годишници и едно мало дете. Руското Министерство за одбрана ги коментираше своите ноќни напади во Украина. Портпаролот Игор Конашенков рече дека нападите имале за цел да ги спречат резервните единици на украинската армија да стигнат до линијата на фронтот.