12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Врховниот суд јна Иран ја потврди смртната казна на иранско-германски државјанин

Врховниот суд во Иран ја потврди смртната казна на иранско-германски државјанин.

Потврдена е смртната казна за иранско-германскиот државјанин Џамшид Шармахд, поради обвинувања за организирање бомбашки напад во 2008 година и други напади во Иран, изјави денеска портпаролот на правосудството, Масуд Сетајеши.

Иран го обвинува Шармахд, кој исто така престојувал во САД, дека водел промонархистичка група обвинета за бомбардирањето во 2008 година и планирање други напади во Иран.

Иран соопшти дека Шармахд е водач на вооруженото крило на групата која се залага за обновување на монархијата, соборена во Исламската револуција во 1979 година, додека неговото семејство тврди дека тој бил само портпарол на опозициската група и негира каква било вмешаност во нападите.

Семејството ја обвини иранската разузнавачка служба за киднапирање на Шармахд во Дубаи во 2020 година.