12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

УЖАС: По физичко 12-годишно девојче се напило вода од шише и завршило во болница: другарките ѝ ставиле средство за чистење

Дванаесетгодишно девојче од Словачка завршило во болница откако се напилo вода од нејзиното шише, по часот за физичко.

Според информациите, некои од другарките на девојчето, ученички во шесто одделение, истуриле средство за дезинфекција во шишето со вода на девојчето, а тоа незнаејќи за тоа ја испило водата и завршило на лекување во болница. За инцидентот информираа од подрачната управа на ПУ Банска Бистрица.

„Во случајот е регистрирана кривична пријава, а се работи за сомнение за сторено кривично дело нанесување телесна повреда во обид. Дали се работи за непримерна шега од врсник ќе може да се зборува дури по соодветно испитување на сите факти“, соопштија од полицијата.

Од Детската факултетска болница и поликлиника Банска Бистрица потврдија дека во понеделникот на 24 април примиле 12-годишен пациент кој проголтал средство за чистење на база на хлор, јавуваат словачките медиуми.

Нејзината состојба е стабилна и нејзиниот живот не е загрозен.

Основното училиште (ЗШ) Пиенинска демантира дека девојчето кое несвесно голтало течно средство за дезинфекција долго време било малтретирано на училиште.

„Учениците немаат пристап до средствата за чистење што се користат. Заклучени се во простории во кои децата не можат да влезат“, соопштија од училиштето.

Како што беше посочено, постои сомневање дека дезинфициентното средство го истуриле во водата тројца пријатели кои или го украле од чистачката или го донеле од дома, пренесува Правда.ск.