21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Куче избегало од кафез во Хрватска и полесно повредило човек, тој земал пушка па го застрелал

Маж (45) е осомничен дека убивал или мачел животни, јавува полицијата во Хрватска. Тој со пушка убил куче кое му избегало од кафезот и полесно го повредило.

Полициски службеници од Оточац приведоа маж поради сомнение дека убил куче кај Бриње.

Мажот е осомничен дека од сеф во двор од куќа во месноста Бриње одзел пиштол и со него убил куче, откако тоа избегало од кафезот и го повредило сопственикот.

Откако го застрелал кучето, трупот го ставил во автомобилот и го фрлил во шума.

Осомничениот се здобил со полесни физички повреди и против него е поднесена кривична пријава до надлежното државно правобранителство.