12.8 C
Скопје
16. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Имало обид за атентат на Путин со беспилотно летало, пишува германски медиум

Украинската тајна служба, според истражувањето на германски „Билд“, во неделата се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин со беспилотно летало камиказа. Тие пишуваат дека иако обидот за атентат не успеал, руските власти го чуваат обидот во тајност.

Беспилотното летало UJ-22 полетало во Украина во неделата попладне и, како што објавија „Билд“ и „Нова Блиц“, станува збор за најмодерниот украински дрон со среден дострел до 800 километри. Нивната цел наводно бил новоизградениот индустриски парк во близина на Москва, кој се наоѓа на 500 километри од Украина.

Украинскиот активист Јуриј Романенко, за кој се вели дека има блиски врски со киевските разузнавачки служби, наводно рекол дека „минатата недела разузнавачките служби добиле информации за патувањето на Путин во индустрискиот парк Руднево. Соодветно на тоа полетал дронот, кое прелета низ целата воздушна одбрана на Руската Федерација и се урна недалеку од индустрискиот парк“.

И неколку руски медиуми објавија за падот на беспилотно летало UJ-22 во близина на селото Вороского, источно од Москва. Местото на несреќата е на околу 20 километри источно од индустрискиот парк Руднево. На снимката се гледа дека на дронот имало 30 блокови од експлозив Ц4 со вкупна тежина од 17 килограми. Експлозивните полнења М112 користат, меѓу другите, Армијата на САД и канадските вооружени сили. Руски минувачи во неделата попладне објавија фотографии од индустрискиот парк Руднево, на кои се гледа сивиот тревник пред главната зграда, кој беше испрскан со зелена боја, пишува „Билд“.

Сепак, не е јасно дали шефот на руската држава сакал да го посети индустрискиот парк во недела или само во понеделник. Од безбедносни причини, посетите на Путин понекогаш се реализираат еден ден пред да бидат објавени. Исто така, многу е можно спомнувањето на неговиот двојник да е само уште една форма на безбедносна заштита.