21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шокантни тврдења на Лавров: Судан има право да ги користи услугите на Вагнер

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Судан има право да ги користи услугите на руската приватна платеничка воена компанија Вагнер.

На прес-конференција во седиштето на ОН во Њујорк, Лавров нагласи дека Вагнер е приватна компанија.

Тој им порача на новинарите да се сеќаваат на целата ситуација околу Судан и како „приоритет на Американците е да ја поделат таа земја“. Лавров ситуацијата во таа земја ја опиша како трагедија.

Зборувајќи за одбивањето на Вашингтон да им издаде визи на руските новинари кои сакаа да ги следат настаните во ОН, Лавров рече дека Москва тоа ќе го има на ум кога САД ќе побараат нешто од Русија.

– Што се однесува до нашиот одговор, секако ќе се сеќаваме на нечесното однесување на американското раководство, односно Стејт департментот. Колку што знам, таа одлука е донесена во Стејт департментот – рече Лавров.