16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Саудиска Арабија досега евакуираше 356 лица од Судан, вклучувајќи дипломати и официјални лица

Во имплементација на директивите на раководството на Кралството Саудиска Арабија, со задоволство го објавуваме безбедното пристигнување на граѓаните на Кралството кои беа евакуирани од Република Судан како и на неколку државјани на братските и пријателски земји, вклучително и дипломати и меѓународни претставници, кои пристигнаа во Саудиска Арабија во операција за евакуација спроведена од страна на поморските сили на Кралската Саудиска Арабија со поддршка на различни ограноци на вооружените сили, соопштија од амбасадата на Кралството Саудиска Арабија во Босна и Херцеговина.

Бројот на евакуирани граѓани достигна 91 лице, додека бројот на евакуирани од братските и пријателски земји достигна приближно 66, кои се државјани на следните земји: Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Тунис, Пакистан, Индија, Бугарија, Бангладеш, Филипини, Канада и Буркина Фасо.

Кралството Саудиска Арабија работеше на обезбедување на сите потреби на странските државјани во подготовка за нивното заминување во нивните земји.

Во продолжение на напорите за евакуација што ги презема Кралството Саудиска Арабија според директивите на раководството на Кралството, денеска пристигнаа неколку евакуирани од Република Судан во градот Џеда.

Бројот на поединци кои пристигнуваат е приближно 199, што ги вклучува државјаните на Саудиска Арабија и државјаните на следните земји: Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Катар, Сирија, Холандија, Ирак, Турција, Танзанија, Либан и Либија, кои пристигна на бродот Јанбу, на морнарицата на Саудиска Арабија.

Досега се евакуирани вкупно 356 лица (101 државјанин на Саудиска Арабија и 255 граѓани од 26 различни националности).

Кралството Саудиска Арабија ги презеде сите неопходни активности за да го подготви и олесни заминувањето на странски државјани во нивните матични земји, соопшти амбасадата.

Спонзорирано: