16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полициска акција во Германија: Паднаа браќа кои планирале терористички напади

Германската полиција во вторникот уапси двајца Сиријци во Хамбург и Кемптен под сомнение дека планирале терористички напади со исламистичко потекло.

– Двајцата уапсени се осомничени дека заеднички подготвувале напад со радикална исламистичка и џихадистичка позадина, кој би го извршиле со помош на појас со експлозив – се наведува во соопштението на Државното обвинителство во Хамбург.

Двајцата осомничени Сиријци се браќа, од кои 28-годишниот живеел во Хамбург, на северот на земјата, а неговиот четири години помлад брат во јужниот германски град Кемптен.

Главниот обвинет, кој беше уапсен во Хамбург, во последните неколку недели се обидуваше да дојде до материјал за склопување на експлозивна направа преку платформата Ebay.

Властите не соопштија дали потенцијалните напаѓачи веќе ја утврдиле целта на нападот.

Сенаторот (министерот за внатрешни работи) на град-федералната држава Хамбург Енди Гроте ја пофали работата на полицијата и истражните органи во спречувањето на терористичкиот напад.

– Овој случај уште еднаш покажува дека нашите безбедносни власти мора да продолжат да бидат будни за да не заштитат од екстремистички напади – рече Гроте.

Јавното обвинителство во Дуизбург во вторникот соопшти дека истражува дали минатонеделниот напад со нож во салата во градот бил исто така терористички напад. Во нападот се повредени четири лица, од кои едно потешко.

Во меѓувреме кај Сириецот осомничен за тој напад биле пронајдени материјали со исламистичка содржина.

Во последните години Германија постојано беше цел на терористички напади со исламистичко потекло. Во 2016 година, исламист од Магреб влета со камион на божиќен пазар во Берлин, при што загинаа 12 лица.

Спонзорирано: