Centar.mk
БИЗНИС

Цената на лебот останува замрзната до крај на јуни

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април 2023 година, до 30 јуни 2023 година, за следниве стоки:

– за леб бел (сечен на парчина или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало и

– за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +