22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден ја објави кандидатурата за нов мандат

Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека ќе се кандидира за реизбор во 2024 година.

Тој преку триминутно видео ја објави својата кандидатура за вториот претседателски мандат.

Во својата предизборна презентација Бајден вели дека правата на абортусот, одбраната на демократијата, правата на глас и социјалната безбедносна мрежа ќе бидат меѓу најважните прашања на гласачкото ливче во 2024 година.

Тој вели дека гласачите ќе се соочат со избор да остават „повеќе или помалку слобода“ и „повеќе права или помалку“ на следната генерација.

„Секоја генерација Американци се соочи со момент кога мораше да ја брани демократијата, да се залага за нашите лични слободи и да се залага за нашето право на глас и нашите граѓански права“, вели тој.

Слоганот на Бајден за изборите во 2024 година е: „Ајде да ја завршиме работата“.

Спонзорирано: