21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Поминале 17 години невини во затвор, сега државата им плаќа 900.000 долари

Двајца мажи кои одлежале речиси 17 години затвор, денеска судијата во американската сојузна држава Калифорнија ги ослободи, откако беа прогласени за погрешно осудени за обид за убиство по пукање во 2004 година.

Според новиот закон, сојузната држава Калифорнија е обврзана на секој од нив да му исплати по 140 долари за секој ден поминат зад решетки, што ќе изнесува околу 900.000 долари.

Пресудите на Дупри Глас и Хуан Рејфорд завршија со новото судење кое започна во октомври, откако советот на државниот апелационен суд ги поништи нивните пресуди и ги ослободи во 2020 година.

Член на банда, кој отслужува доживотна затворска казна за второ убиство, призна дека тој е вистинскиот убиец.

Пред судската зграда, двајцата ослободени ги пречекаа членови на семејството и поддржувачи. Рејфорд, држејќи ја својата ќерка, го нарече неверојатно тоа што нивните рекорди конечно беа избришани и нивната репутација беше вратена.

„Толку долго размислував за овој ден. Размислував за тоа кога бев затворен 17 години. Размислував за тоа во последните две години кога бев слободен. Го чекав овој ден бидејќи, знаев дека сум невин“ изјави Рејфорд.

Адвокатите на одбраната рекоа дека случајот е првиот што е предмет на нов закон кој гарантира компензација на обвинетите чии случаи се отфрлени и им дозволува да презентираат докази со кои се докажува нивната невиност.

Глас и Рејфорд имаа 17, односно 18 години, кога беа уапсени по пукањето за време на расправија во која учествуваше група тинејџери во Ланкастер, северно од Лос Анџелес.

Двајцата обвинети беа осудени на 11 последователни доживотни затворски казни по 11 точки од обвинението за убиство во обид.