17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се правел дека сака да ѝ помогне на брзата помош, но камерите го издале: нови детали за бруталното убиство на хрватскиот војник

Уапсениот за убиството на војникот во Пожега при апсењето се правел дека ништо не знае за тоа, па дури се понудил да ѝ помогне на Итната помош да го однесат полумртвиот војник во болница. Сепак, надзорните камери подоцна го издале. Според локалниот портал Pozega.eu, 20-годишниот М.К. му бил другар од детството на војникот, а сега е осомничен за негово убиство.

Министерството за одбрана на Хрватска во саботата извести дека Јаков Бочкај (21), припадник на хрватската армија, кој не бил на должност, рано изутрината бил пронајден во несвест на паркингот на Плоштадот Свето Тројство во Пожега и бил пренесен во Општата жупаниска болница во Пожега, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Јаков Бочкај почина утрово околу 9:20 часот во болницата во Пожега како последица на тепање. Напаѓачот и жртвата биле пријатели и биле заедно таа вечер.

Младиот војник и напаѓачот биле пријатели, заедно играле фудбал, биле неразделни.