25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Путин лично го одобрил апсењето на новинарот Гершкович

Рускиот претседател Владимир Путин лично го одобрил апсењето на американски репортер под обвинение за шпионажа – прв пат по Студената војна- информираат познавачите на ситуацијата цитирани од „Ал Арабија“.

Одобрувањето на апсењето од страна на рускиот претседател го одразува растечкото влијание на тврдокорните кругови во Кремљ кои се залагаат за продлабочување на судирот со Вашингтон, од кој веруваат дека нема враќање.

Притворот на новинарот на „Вол стрит џурнал“, Еван Гершкович, на 29 март предизвика жестока осуда од САД и нивните сојузници, туркајќи ги на уште пониско ниво американско-руските односи, кои се стрмоглавија по руската инвазија на Украина минатата година.

„Ова треба да биде вистински повик за будење, не само за САД, туку и за поширокиот Запад. Тоа сигнализира дека, според размислувањата на Путин, нема враќање на стабилни и доверливи односи,“ истакна Алина Полјакова, претседател на Центарот за анализа на европската политика во Вашингтон.

Како што војната влегува во втора година, Кремљ сè повеќе се обидува да ја прикаже како егзистенцијална борба против НАТО кој наводно се обидува да ја уништи Русија. Потезите како налогот за апсење на Путин за воени злосторства издаден од Меѓународниот кривичен суд минатиот месец само го продлабочија чувството на руското раководството дека нема простор за отстапување во конфликтот што очекува да трае со години.

Иницијативата за апсење на американски репортер под обвинение за шпионажа за прв пат по речиси 40 години дојде од „подбуцнувачите“ од највисоките кругови на руските безбедносни служби, велат познавачите на ова прашање.

Гершкович (31) беше приведен во Екатеринбург од агенти на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и обвинет за шпионирање, за што е предвидена казна од 20 години. Тој сега се наоѓа во московскиот затвор „Лефортово“ и досега не му е одобрен контакт со американскиот конзуларен претставник.

Иако Кремљ тврди дека Гершкович бил фатен на дело, досега не се презентирани никакви докази, а „Волстрит џурнал“ ги негира обвинувањата.

Американскиот Стејт департмент и формално утврди дека Гершкович е неосновано приведен од Русија, што им овозможува на САД да преговараат во негово име.

Со оглед на фокусираноста на американскат ајавност врз случајот, Вашингтон нема друг избор освен да преговара, потткинувајќи ја Русија на почесто земање вакви заложници, тврди Полјакова.

„Русите стануваат многу поагресивни, а видоа и дека кога земаат како заложнии американски граѓани од висок профил, го добиваат она што го сакаат“, рече таа.

При претходните размени на затвореници, Русија се залагаше да го вклучи и инсајдерот на Кремљ, Владислав Кљушин, кој во февруари во САД беше осуден за инсајдерско тргување и хакирање. Тој поседува информации во врска со хакирањето на серверите на Демократската партија за време на претседателските избори во 2016 година, тврдат американски извори.

Русија и САД спроведоа две размени на затвореници минатата година, вклучително и во декември кога ја заменија ѕвездата на ВНБА, Бритни Гринер, за озлогласениот руски трговец со оружје Виктор Бут.