25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Циклонот Фреди го опустоши Малави: бројот на загинати се искачи на над 1.000, бурата однесе куќи и патишта

Бројот на загинати од циклонот Фреди се искачи на повеќе од 1.000 луѓе, изјави денеска претседателот на Малави, Лазарус Чаквера.

Претседателот не даде објаснување зошто бројот на загинати скокна толку многу од проценката на 20 март за повеќе од 500 луѓе, но стотици луѓе се уште се водат за исчезнати во Малави.

Јужноафриканската нација беше погодена од една од најсмртоносните бури на континентот во последните две децении, што предизвика хаос не само во земјата, туку и во Мозамбик и Мадагаскар.

Циклонот Фреди се појави во тој регион на крајот на февруари, а се врати во март.

„Бурата погоди повеќе од два милиони луѓе и расели околу половина милион, бидејќи однесе куќи, патишта и друга инфраструктура“, рече Чаквера.