12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Анима Мунди за искасаното дете до смрт: Најсилните животни се најмирни, но нивната сила е огромна – еден потег може да е кобен

Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема. Ова го соопштија од Анима Мунди преку социјалните мрежи за инцидентот во кој домашно куче од расата англиски мастиф нападна и уби 8-годишно момче.

„Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но што и да се рече сега е доцна за ова дете , а секое слободно толкување во однос на оваа несреќа од која нема назад за нас е непримерно и болно. Единствено што би сакале да се знае дека како здружение за заштита на животни без дилема и веднаш би поддржале забрана за увоз, продажба, подарување и размножување, како и чување од малолетни лица на секое животно кое има физички предиспозиции да нанесе тешки телесни повреди или да загрози животот на друго битие“, велат од здружението во својот статус.

Тие нагласуваат дека според статистиките, најголемите, најсилните животни имаат најстабилен карактер, се најмирни, но нивната сила е огромна, па дури и со еден потег можат да бидат кобни по човек или животно.

„Еден може да биде фатален. Поддржуваме и бараме прецизна категоризација во соработка со стручни и засегнати страни и мораторијум на размножување, продажба и увоз на животни кои ќе се категориризаат како такви веднаш. Наши предлози се и мандаторна стерилизација или забрана за размножување на сите кучиња, но за овој тип на животни ги бараме и поддржуваме веднаш“, посочуваат од Анима Мунди.

Денешниот инцидент во Пинтија ја потресе јавноста денеска, откако домашно куче нападна и уби 8-годишно момче. Момчето било веднаш однесено во болница, но лекарите не успеааја да го спасат.

Спонзорирано: