10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Страшни признанија на децата депортирани во Русија: биле тепани ако кажат дека се Украинци

Објавени се страшни исповеди на деца вратени во Украина по депортацијата во Русија на почетокот на војната.

Децата што се вратиле во Украина по насилното депортирање во Русија се пожалиле на казнување затоа што одбиле да ги пеат националните химни.

Дарија Харасимчук, украинска советничка за правата на децата, рече дека децата тврделе оти биле тепани затоа што спомнале дека се Украинци.

Советникот рече дека на децата им било кажано дека нивните родители ги напуштиле и дека никој не ги чека во Украина, пишува „Скај њуз“.

Досега се верува дека околу 19.000 украински деца биле однесени во Русија од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.