24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Фортуна Бенд сними музичко шоу со Сузана Гавазова, Стојне и Спасен Сиљаноски

Музичкиот состав задолжен за највеселите свадби, крштевки, родендени и други свечености, Фортуна Бенд во соработка со македонските фолк ѕвезди Сузана Гавазова и Спасен Сиљаноски сними музичко шоу чија премиера ја имаше неодамна на програмата на Канал 5 Телевизија.

Хитовите „Свадба весела“, „Катерино моме“, „Домаќине добри гости ти дојдоа“, „Севдалино малој моме“ и голем број други песни сега можете да ги слушате и уживате во жива изведба на музичкиот состав Фортуна Бенд.

Горди членови на овој музички состав се: Христијан Димитриевски – Кико (вокал), Новица Соколовски (кларинет и саксофон), Љупчо Соколовски (клавијатури), Ристе Плуковски (тапани), Виолета Пандовска (вокал) и Кирил Златановски (бас гитара).

Покрај големиот број на свадбени и семејни прослави, музичкиот состав Фортуна Бенд има одржано и голем број на концерти како во Македонија, така и надвор од границите на нашата земја. Мирослав Илиќ, Наум Петрески, Ефто Пупиноски, Миле Кузмановски, Виолета Томовска, Благица Павловска, Блага Петреска, Зуица Лазова, Стојне Николова и бројни музички артисти се долги соработници на овој бенд.