25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче во САД застрела наставничка додека седела на стол, претходно со ремен бркал деца во училишниот двор

Наставничката Аби Цвернер (25) го тужи основното училиште „Рихнек“ во Вирџинија за отштета од 40 милиони долари откога шестгодишен ученик се обиде да ја убие на почетокот на јануари.

Како што пишува „Мирор“, ученикот ја ранил наставничката во градите и рацете додека седела на столот. Две недели била хоспитализирана и досега имала четири операции. Целиот случај ја вознемири јавноста бидејќи луѓето се прашуваат од каде детето го добило пиштолот.

Засега никој не е обвинет, ниту управата на училиштето ниту, пак, има пријава против момчето и неговото семејство. Директорот е преместен на друга позиција, а училишниот одбор донел одлука за поставување детектори за метал во сите училишта во реонот.

Во обвинението што го поднела наставничката било наведено дека училиштето знаело дека момчето било насилно и дома и на училиште. Познат е и настанот кога со ремен бркал деца во училишниот двор и ги пцуел наставниците.

Родителите не сакале тој да биде преместен во специјално одделение, каде што ќе биде со деца кои исто како него имаат проблеми во однесувањето.