21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Апсења во Хрватска: Неколку лица осомничени за проневера со средства од фондови на ЕУ

Неколку лица се уапсени рано утринава во областа Риека и Меѓумурје.

Тие се осомничени за проневера на средства од фондовите на Европската унија, јавува загрепски „Јутарњи лист“, повикувајќи се на неофицијални информации.

Оттаму велат дека во тек се претреси во просториите, а според засега достапните информации, акцијата се спроведува по налог на Европското јавно обвинителство (ЕПО).

Весникот потсетува дека Хрватска е единствената членка на ЕУ во која европскиот обвинител обвинети се двајца министри.