17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

„Сè се тресеше“ – во Русија силен земјотрес со јачина од 6,5 степени

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени е регистриран на рускиот Полуостров Камчатка во 5 часот наутро.

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 100 километри и 10 километри оддалечен од градот Вилјучинск, каде живеат околу 25.000 луѓе.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Од Министерството за вонредни состојби посочуваат дека, според првичните информации, нема жртви или материјална штета.

Дописникот на „Интерфакс“ јави дека во Петропавловск-Камчатски „ѕидовите се тресат, мебелот се ниша, а предметите паѓаат. Некои жители истрчаа од зградите“.

Спасувачите на југот на Камчатка проверуваат дали се оштетени станбени згради и други објекти, соопшти Главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации за територијата на Камчатка.