15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турската опозиција не успеа да договори заеднички кандидат против Ердоган

Турската опозиција не успеа да се договори за единствен кандидат за претседателските избори, па Мухарем Инџе од партијата Мемлекет одби да ја повлече својата кандидатура во корист на Кемал Киличдароглу од Народната алијанса, објави турскиот „Хуриет“.

Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14 мај, а според анкетите главен противник на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган е Киличдароглу.

На претседателските избори е дозволено да учествуваат четворица кандидати, а голем број опозициски активисти го повикаа Инџе да ја повлече кандидатурата, сметајќи дека ќе го спречи Киличароглу да победи во првиот круг и да земе дел од гласовите на опозицијата за себе.

Одговарајќи на овие барања, тој за „Хуриет“ изјави дека не е незадоволен само од актуелната власт, туку и од опозицискиот блок и дека има намера да се занимава со политика.