23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Ова е политички прогон, ќе му се удри главата на Бајден

Големата порота на Менхетен гласаше за обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-Ен-Ен три извори запознаени со случајот.

Во меѓувреме, откако жирито на Менхетен го изгласа обвинението за наводни исплати на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс, се огласи и Доналд Трамп.

„Ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата. Од времето кога се симнав по златниот ескалатор на Трамп Тауер, па дури и пред да положам заклетва како ваш претседател на Соединетите Американски Држави, радикалните леви демократи – непријателот на вредните мажи и жени на оваа земја – беа ангажирани во лов на вештерки за да го уништат движењето Направете ја Америка повторно голема“, рече Трамп.

„Демократите лажеа, мамеа и крадеа во нивната опсесија да се обидат да го „добијат Трамп“, но сега го направија незамисливото – обвинија целосно невина личност за чин на бесрамно мешање во изборите“, рече Трамп, додавајќи:

„Никогаш во историјата на нашата нација тоа не било направено. Демократите мамеле безброј пати во текот на децениите, вклучително и шпионирање на мојата кампања, но за да го искористат правосудниот систем за да го казнат политичкиот противник, кој случајно е претседател на Соединетите држави и водечкиот републикански претседателски кандидат, никогаш порано не било направено.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини Џорџ Сорос дека лично го избрал и финансирал обвинителот и рече дека тоа е срамота.

„Наместо да го запре невидениот бран на криминал што го зафати Њујорк, тој ја врши валканата работа на Бајден, игнорирајќи ги убиствата, кражбите и нападите кои треба да бидат во фокусот“, рече тој.

Тој истакна дека верува оти овој „лов на вештерки ќе му се врати на Бајден“.

„Сите можат да го видат тоа. Така, нашето движење и нашата партија – обединета и силна – прво ќе го победи обвинителот, а потоа ќе го победиме Бајден и ќе ги исфрлиме сите овие гнили демократи од функцијата па ќе ја направиме Америка повторно голема“, заклучи Трамп,пренесе Б92.

Спонзорирано: