12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Пукање на колеџ во Северна Каролина, напаѓачите се во бегство

Пукање се случи во Северна Каролина во Техничкиот колеџ Форсајт и полицијата го истражува инцидентот, соопштија властите.
Колеџот за пукањето се огласи на „Твитер“.

„Во тек е пукање. Полицијата е на терен. Кампусот е затворен. Сите студенти се безбедни, како и наставниците и вработените“, соопштија од колеџот.

Полицијата на Винстон-Салем објави на „Твитер“ дека добила пријава за пукање во главниот кампус на колеџот.

„Нашите полицајци се на лице место и помагаат. Информациите ќе бидат обезбедени веднаш штом ќе ги имаме“.

Двајца осомничени машки лица се во бегство и по нив се води потера, информираат од полицијата.