16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес во Италија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени бил регистриран синоќа пред полноќ во провинцијата Кампобасо на југот на Италија со епицентар кај Монтагано на длабочина од 23 километри, јави АНСА.

Според податоците на Националниот геофизички и вулканолошки институт (INGV), земјотресот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните области Кампанија, Пуља, Абруцо и Лацио, а од теренот нема извештаи за повредени или материјална штета.

Спонзорирано: