14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Озлогласениот командант на Путин пронајден мртов, можна е ликвидација поради одмазда

Еден од најозлогласените команданти на рускиот претседател Владимир Путин, потполковник Дмитриј Лисицки, е мртов, покажуваат најновите извештаи.

Постојат разни приказни за неговата смрт. Украинците велат дека бил ликвидиран како одмазда за колењето стотина негови војници за време на повлекувањето од т.н. Иловајск котел во 2014 година.

Руски извори, пак, велат дека самиот Лисицки си го одзел животот со ловечка пушка во кујната од својот дом во Севастопол бидејќи бил депресивен поради војната во Украина.

Лисицки, одликуван со највисоките руски одликувања, вклучувајќи го и Орденот на херојот на Русија, беше командант на 1. јуришен баталјон во 247. полк.

Неговата смрт прв ја пријави украинскиот новинар Јуриј Бутусов, кој тврди дека силите на Киев повторно го нападнале Иловајск, а го ликвидирале Дмитриј Лисицки, пишува „Дејли мејл“.

Неговиот полк претрпе тешки загуби додека Русија се повлече од Харков минатата година, а ликвидацијата на Лисицки сериозно ќе ја ослабна воената подготвеност на полкот, тврди Бутусов.

Од друга страна, руски извори велат дека телото на Дмитриј Лисицки било пронајдено во неговиот стан во Севастопол.

Колегите велат дека Лисицки неодамна бил многу вознемирен поради неговото иницирање незаконски потези против воениот персонал за време на војната во Украина. Не беше прецизирано за какви забелешки станува збор.