24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден за пукањето во Нешвил: Насилството со оружје ја кине душата на нашата нација

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече „одвратно“ пукањето што се случи вчера во Нешвил, велејќи дека оруженото насилство ја „кине душата“ на Соединетите држави.

– Тоа е само одвратно. Тоа ја кине душата на нашата нација, рече тој, пофалувајќи ја брзата акција на полицијата и повторно повикувајќи го Конгресот да го забрани автоматското оружје.

Бајден не одржа посебен говор за случајот, но го спомна на почетокот на конференцијата за женско претприемништво во Белата куќа.

– Повторно дојде време повеќе да напредуваме во регулирањето на огненото оружје – рече Бајден, а потоа продолжи со повесел тон, пофалувајќи го отворањето компании и жени претприемачи.

Неговите повици за забрана на автоматско оружје веројатно нема да вродат со плод бидејќи републиканците, кои го контролираат Претставничкиот дом, се жестоко против, а моќното лоби за оружје НРА води жестока кампања против таквата одлука.

САД ги забранија автоматските пушки од 1994 до 2004 година.