17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шефот на кабинетот на Орбан: Унгарија нема да го уапси Путин доколку влезе во земјата

Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку сака да влезе во земјата, изјави денеска Гергељ Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан додавајќи дека тоа нема да има правна основа.

На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гуљас на брифингот рече дека Римскиот статут не е влезен во унгарскиот правен систем.

„Мораме да се повикаме на унгарскиот закон врз основа на кој не можеме да го уапсиме рускиот претседател, исто како што не е објавен статутот на Меѓународниот кривичен суд во Унгарија“, рече Гуљас.