16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТ

Џонсон се покаја: Го измамив Парламентот поради партиската журка, но сè беше со добра намера

Борис Џонсон рече дека прифаќа оти го довел во заблуда Парламентот за партиската журка, но инсистира дека неговите изјави биле со добра волја.

Во својот исказ пред Комитетот за привилегии, објавен во вторникот, поранешниот премиер беше обвинет за „значително пречекорување на својот мандат“.

Тој додаде дека е „без преседан и апсурдно“ да се тврди дека потпирањето на уверувањата на „доверливите советници“ било „на некој начин непромислено“.

Комитетот ја почна истрагата по извештајот на Сју Греј, кој го обвини „неуспехот на лидерството и расудувањето“ за забавите што се случија во време кога Британија беше под мерки за заклучување поради ковид-кризата.

Џонсон рече дека прифатил оти „долниот дом бил заведен од неговите изјави дека правилата и насоките биле целосно почитувани на број 10“.

„Но, кога беа дадени тие изјави, тие беа дадени со добра волја и врз основа на она што јас искрено го знаев и верував во тоа време“, вели тој.

Спонзорирано: