17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европската комисија предложи нов пакет-санкции за Русија во вредност од 11 милијарди евра

Европската комисија предложи нов пакет-санкции против Русија во вредност од 11 милијарди евра, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен.

Предлагаме 10-та транша од санкциите, со трговски забрани и нови проверки на извозот во Русија, особено извозот на технологија. Станува збор за 11 милијарди евра“, изјави Фон дер Лаен на седницата на Европскиот парламент.

Таа прецизира дека Комисијата предлага санкции за извоз на електронска опрема, што Русија ја користи за производство на дронови и хеликоптери.