21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петгодишно девојче и нејзините родители, по 73 часа, извлечени од урнатините во Турција

Се слушаат гласови под урнатата седумкатна зграда во областа Оникисубат во Сакарија, а спасувачите почнуваат да ги преместуваат остатоците од урнатините за да ги спасат преживеаните. По многу труд, успеваат да ги извлечат петгодишното девојче Мир Берзан Багиш и нејзините родители Алија (55) и Зелал (40).

Среќен крај во големата трагедија доживува семејството, кое под урнатините помина цели 73 часа.

Итната помош веднаш ги пренела членови на семејството во болница. Зелал Багис им се заблагодари на сите што учествуваа во оваа спасувачка акција:

„Мило ми е што постојат. Господ да ги благослови сите“.

Во спасувањето учествувал и локалниот градоначалник Екрем Јуче, кој помогнал во транспортот на повредените.

„Детето беше многу среќно. Мое сочувство за нашата земја. Стоиме со нашите браќа и сестри, срцето на Турција чука овде. Турција стана едно тело“, рече градоначалникот.

Вкупно повеќе од 17.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, според новиот извештај објавен од официјалните лица и спасувачите. Повеќе од 53.000 луѓе се повредени само во Турција.