17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг-ун заедно со ќерката ја посети војската: На светот му покажа со што располага

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги обиколи војниците по повод 75-годишнината од основањето на севернокорејската војска, придружуван од ќерка си Ким Јо Ае.

Во таа пригода тој нагласи дека неговата армија „е сила на која не може да се одолее“, соопшти денеска севернокорејската државна агенција КЦНА.

Таа четврти пат се појави во јавноста заедно со татка си и мајка си Ри Сол Јо, што ги подгреа шпекулациите дека таа е можен наследник на Ким Џонг-ун, пренесува АП. Севернокорејските државни медиуми често ја нарекуваат Ким Ју Ае „почитувана“ и „сакана“.

Според аналитичарите, одлуката на Ким Џонг-ун да ја одведе својата ќерка на настани поврзани со севернокорејската војска испраќа сигнал до светот дека нуклеарното оружје е најсилната гаранција за континуираното владеење на династијата Ким.

Воената посета доаѓа бидејќи има навестувања дека Северна Кореја се подготвува за голема воена парада во Пјонгјанг. Се очекува на оваа парада Северна Кореја да ги прикаже своите најнови воени достигнувања и напредок во развојот на нуклеарно оружје, што ги загрижува земјите од регионот и САД.