Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Се тресевме како дете во лулка, такво нешто не сум почувствувал досега“, сведок го опиша страшниот земјотрес во Турција

Маж што живее во близина на епицентарот на земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, што утринава ја погоди Турција, го опиша моментот на ударот посочувајќи дека „никогаш не почувствувал нешто слично“.

Ердем, кој живее во турскиот град Газијантеп, рече дека се треселе „најмалку трипати посилно отколку дете во лулка“.

„Сè уште беше многу темно за да се види степенот на штетата. Никогаш не сум почувствувал такво нешто во 40 години од мојот живот“, додаде тој за InCyprus.

Тој вели дека сите луѓе седеле во своите автомобили или се обидувале да возат некаде на отворено подалеку од зградите.

„Не можам да замислам дека ни еден човек не останал во својот дом во Газијантеп“, рече тој.

Најмалку 500 луѓе загинаа во разорниот земјотрес, а повеќе од 200 згради се уништени. Спасувачите сè уште трагаат по преживеани под урнатините.

Спонзорирано: