23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

10 лица загинаа во лавини низ австриските и швајцарските Алпи

Во неколку лавини низ австриските и швајцарските Алпи за време на викендот загинаа 10 лица, а туристите од Нов Зеланд, Кина и Германија беа меѓу првите жртви во неколку различни скијачки центри.

По неколкудневни обилни врнежи и ветер, австриските власти го зголемија нивото на предупредување за лавина на 4 од 5, а и покрај предупредувањата, скијачките центри во западна Австрија се преполни поради училишните одмори во Виена

Австриската полиција потврди пет смртни случаи во неделата