25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Тројца вработени во службата за итни случаи загинаа при деминирање во Керсон

Тројца вработени во Украинската служба за итни случаи загинаа вчера во експлозија на мина за време на деминирање во дел од областа Керсон, соопшти службата за итни случаи на регионот Житомир.

– Сите тројца несебично служеа во одредот за спасување вонредни состојби на Единицата за специјални намени на Министерството за надворешни работи на Украина во областа Житомир и ја извршија задачата за деминирање на териториите ослободени од непријателот во регионот Керсон – соопшти службата за итни случаи на Житомир на својата Фејсбук страница.

Житомирскиот регион се наоѓа западно од Киев, во северна Украина.