17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косовската полиција соопшти: Немаше напад врз нас, ниту размена на оган со Србите

– Немаше напад врз косовската полиција, ниту пак размена на оган меѓу косовската полиција или некоја група – се наведува во соопштението на косовската полиција, која реагираше откако бројни српски и албански медиуми објавија дека имало пукање во Зубин До потокот.

– Осврнувајќи се на бројните прашања упатени до косовската полиција, дали била нападната полиција во Зубин Поток или имало размена на оган меѓу полицијата и криминалните групи, ве известуваме дека: Немаше напад врз косовската полиција, ниту дали имало размена на оган меѓу косовската полиција или на некоја група, П.К немала размена на оган со никого – се наведува во соопштението кое косовската полиција го објави на Фејсбук.

Да потсетиме, во околината на Зубина Поток вечерва околу 19:45 часот се слушнал рафал од оган, а како што пренесува косовскиот онлајн портал, до пукањето дошло кога специјалните сили на косовската полиција се обиделе да ги отстранат барикадите на алтернативен пат.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат рафали. Објавено е и на Инстаграм профилот „Зубинпотокинфо“, со придружниот текст дека пукање и најмалку една детонација одекнала на поширокото подрачје на Зубин Поток, објави косовскиот онлајн портал. Деталите и причината се уште не се познати.

Од друга страна, приштинскиот весник „Коха“ се повикува на информации од повеќе извори дека во неделата вечерта во Зубин Поток биле нападнати припадници на КФОР од Летонија. Оттаму додаваат дека се уште нема извештаи за повредени.