16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На Косово одекнуваат рафали, дошло до конфликт при обидот за отстранување на барикадите?

Според неофицијални информации, вечерва во 19 часот и 45 минути дошло до рафален оган и вооружени борби во Зубин Поток на Косово.

На интернет кружи видео за кое не можевме да потврдиме дека е автентично, на кое се слуша барем една детонација и рафал.

Како што пренесува Косово онлајн, причина за пукањето бил обид за отстранување на барикадите од страна на специјалните сили на косовската полиција.

Наводно, специјалните сили на косовската полиција се обиделе да ги отстранат барикадите на алтернативниот пат кај Зубин Поток, а потоа дошло до вооружен конфликт и рафали.

Спонзорирано: