22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Најмалку 20 мртви во пожар во илегален дом за стари лица во Русија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар што избувна синоќа во нерегистриран илегален дом за стари лица во сибирскиот град Кемерово, пишува Би-би-си.

Според одговорното лице за противпожарна заштита, уништен е целиот втор кат од дрвената зграда во која живеат 20-тина станари. Првичните информации укажуваат дека причината може да е неисправен котел за греење. На терен се испратени десетици пожарникари, а пожарот е изгаснат во раните утрински часови.

Многу домови за стари лица низ Русија работат без регистрација и не можат да бидат проверени бидејќи официјално се сметаат за приватна сопственост. Гувернерот на регионот рече дека надлежните ќе ги прегледаат сите слични објекти. Покрената е истрага.

Спонзорирано: