22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја ги негира тврдењата дека и’ доставувала муниција на Русија

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги негираше тврдењата дека испорачувала муниција на Русија.

Добивај вести на вибер
Јапонскиот весник „Токио Шимбун“ објави дека минатиот месец Северна Кореја испорачала муниција, вклучително и артилериски гранати, во Русија и дека се очекува таквите пратки да продолжат.

Пјонгјанг ги нарече тие тврдења неосновани и апсурдни, пренесува „Ројтерс“.

Белата куќа во четвртокот објави дека Северна Кореја и’ доставила ракети на руската приватна компанија „Вагнер“ за да ги помогне нејзините активности во Украина.

Пјонгјанг рече дека такво нешто не се случило и дека Вашингтон предизвикува крвопролевање и уништување во Украина, снабдувајќи го Киев со смртоносно оружје.

Спонзорирано: