Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: Јапонија тргна по патот на невидено зајакнување на воената моќ

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска оцени дека Јапонија тргнала на патот на невидено зајакнување на својата воена моќ, вклучително и стекнување на напаѓачки потенцијал.

На овој начин Захарова реагирала на одбранбениот план вреден 320 милијарди долари што минатата недела го објави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Како што рече таа, планот го покажува отвореното отфрлање на администрацијата на Кишида на мирниот развој на земјата и враќањето „на патот на нескротливата милитаризација што неизбежно ќе предизвика нови безбедносни предизвици и ќе доведе до зголемени тензии во азиско-пацифичкиот регион“.

Спонзорирано: