14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски ја напушти Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку потврди дека е на пат за САД, во неговата прва странска посета од избувнувањето на војната пред 300 дена.

објави Зеленски на Твитер.

„На пат кон САД за зајакнување на отпорноста и одбранбените способности на Украина. Конкретно, јас и Бајден ќе разговараме за соработката меѓу Украина и САД, а ќе имам и говор во Конгресот и серија билатерални состаноци“, Зеленски напиша.

И американскиот претседател Џо Бајден утринава потврди дека Зеленски денеска ќе го посети Вашингтон.

Бајден во изјавата рече дека Зеленски ќе оди во Белата куќа пред да се обрати на заедничката седница на Конгресот „на која ќе покаже силна, двопартиска поддршка за Украина“.