24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Ден по средбата со Путин, Шојгу ги посети војниците на линијата на фронтот

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу ги посети војниците вклучени во, како што ја нарекува Москва „специјалната воена операција“ на Русија во Украина, објави денеска руското Министерство за одбрана.

Шефот на руската армија со хеликоптер ги обиколи областите каде што се распоредени војници и руски војници во областа на специјалната воена операција“, објави Министерството.

Министерството објави дека Шојгу разговарал со војници на „фронтот“ и на „командна позиција“. Сепак, не е јасно кога била таа посета или дали Шојгу бил во Украина.

На кратко видео објавено со најавата се гледа Шојгу во воен хеликоптер и неколку воздушни снимки.

Објавата уследи еден ден по состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со највисоките воени команданти, вклучително и Шојгу, каде што тој побара мислење од нив за тоа како треба да продолжи руската воена кампања во Украина.