24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мачката го каснала за прст и го заразила со бактерии, човекот живеел во агонија четири години

Данец кој пред четири години бил каснат за прст од мачка починал откако се заразил со бактерија што „јаде месо“.

Хенрик Кригбаум Плетнер посвоил мачка и нејзините мачиња од засолништето во 2018 година, а потоа едно од нив го каснало за показалецот. За неколку часа неговата рака почна да отекува. Се јавил на лекар, но му било кажано да почека до следниот ден. На крајот завршил во болница каде останал следниот месец при што морал да направи 15 операции, пишува „Јутарњи лист“.

Сепак, четири месеци по последната операција, неговиот прст сè уште не функционирал како што треба и лекарите решиле да го ампутираат.

И покрај тоа, здравјето на 33-годишникот почнало да се влошува, а неговата мајка за локалните медиуми изјавила дека му е ослабен имунитетот, развил пневмонија, гихт и дијабетес.

„Мачката го гризна неговиот крвен сад и бактериите се шират низ крвта“, објасни таа.

Инфекциите на ткивата по каснување од мачки често се предизвикани од бактеријата „Pasteurella multocida“. Во одредени случаи, ова може да доведе до ретка бактериска инфекција наречена некротизирачки фасциитис, која може да биде фатална.

Семејството на Плетнер соопшти дека тој починал во октомври, но дури сега решиле да излезат во јавноста со тоа за да ги предупредат другите сериозно да ги сфатат каснувањата од мачки.

„Знаевме дека е лошо, но не знаевме дека е толку сериозно болен“, вели неговата вдовица.