22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

„Америка сè уште се води од логиката на Студената војна во однос на Русија“

Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов изјави дека американските власти се уште се водат од логиката на Студената војна во водењето на својата политика кон Русија.

„Се чини дека Вашингтон треба постојано да се наметнува преку конкуренција со Русија. Се чини дека духот на Советскиот Сојуз сè уште ги прогонува административните коридори во американската престолнина, а Студената војна воопшто не е завршена“, изјави Антонов во интервју за американскиот магазин „Њузвик“.

Амбасадорот оцени дека на Вашингтон му е многу полесно да ја нападне Русија отколку да го консолидира општеството во САД и во западните земји и да ја префрли вината на „странски непријател кој ги поткопува вредностите на демократскиот свет“.

„Истовремено, тој секогаш може да ја префрли вината за сопствените проблеми и погрешни пресметки на Руската Федерација и да ја искористи Москва за да ги оправда своите невидени воени трошоци“, рече Антонов.

Тој изјави дека, „барајќи изговор во конфликтите во Украина, американската администрација ги уништува заемно корисните врски меѓу Русија и Европа, правејќи ја таа целосно зависна од Вашингтон“, пренесува Танјуг.

Антонов рече дека со децении по распадот на Советскиот Сојуз, САД намерно работеле „да создадат антируско упориште на украинска територија“.