10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Kрајно сме загрижени за психофизичката состојба на Арсовска, велат од ВМРО ДПМНЕ

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ќе бараат од Арсовска да ги образложи своите изјави пред надлежните судови.

„Со оглед на огромното количество лаги што ги изнесе Данела Арсовска, во срамното интервју на Канал 5 телевизија, би сакале да истакнаме следново:

Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени.

Ова доаѓа откако Арсовска во интервју објави дека добила закани од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.