23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Продолжува истрагата за финансирањето на кампањата на Макрон

Истрагата за можни нерегуларности во финансирањето на кампањата на Емануел Макрон за претседателските избори во 2017 и 2022 година влезе во нова фаза, бидејќи за првпат се претресуваше седиштето на партијата на Макрон – „Преродба“.

Претрес е извршен и во просториите на здружението за финансирање на политички обуки, како и во седиштето на американската консултантска компанија McKinsey, кои веќе беа претресени лани во мај, соопшти француското финансиско обвинителство (ПНФ).

Како што јави Либерасион, од партијата Преродба соопштија дека претресот бил извршен „само во просториите на тимот на претседателската кампања, но не и во главните партиски канцеларии“.

Нормално е обвинителството слободно и независно да истражува за да се расветли ова прашање“, рече портпаролот на партијата.

Претресите беа извршени на барање на истражен судија вклучен во две судски истраги отворени на крајот на октомври, поради наводно „некоординирано управување со сметките на кампањата на Макрон, намалување на некои сметководствени елементи на сметката на кампањата и фаворизирање на одредени фирми даватели на услуги“.

Искористувањето на јавните средства во корист на некои компании предизвика жестоки контроверзии, но особено реагираше опозицијата и повика на истрага за можното фаворизирање на американската консултантска компанија Мекинзи.

На крајот на ноември и министерот за економија на Франција, Бруно Ле Мер, препозна „злоупотреби“ во владата за користење на услугите на таа американска консултантска компанија, наведува Либерасион.

Неодамна објавениот извештај на францускиот Сенат наведува дека Мекинзи не плаќал корпоративни даноци во Франција помеѓу 2011 и 2020 година.